Конечно се случи: Џоли и Пит се венчаа во Франција

29 август 2014

Сцена од филмот Г-н и Г-ѓа Смит Сцена од филмот Г-н и Г-ѓа Смит

Дека нивното влијание е толку многу моќно  во областа на шоубизнисот е доказ трката по информации поврзани со сè што ќе направат, посебно венчавката која официјално се случи по години нагодувања и шпекулации. Мега славната холивудска двојка, актеркта Анџелина Џоли и актерот Бред Пит конечно го врзаа јазолот од љубовната врска со интимна церемонија. Портпалорот за односи со јавност на двојката за странскиот медиум AP потврди дека венчавката навистина се сличила изминатиот викенд во замок во Ница- Франција, имот кој го купија во 2011 година.

 

За детални информации тој соопштил дека ќе остави тие самите да одлучат што ќе обелоденат во јавноста. Засега е познато дека на церемонијата присуствувале шесте деца и неколку пријатели, а на имотот пристигнале со приватен авион од каде се „уловени“од папараците. Таткото на Џоли, актерот Џон Војд изјавува дека не присуствувал на венчавкта, но е многу среќен што истста се случила:

1409229992491_wps_35_OIC_XCLUSIVEPIX_COM_EXCLU

-Звучи дека имало одлична венчавка, мора да било прекрасно со сите деца таму. Знам дека се случи за време на Еми наградите и имаа можност да го направат тоа на тивок начин. Многу сум среќен за нив, вели Војд.

Потврда дека навистина нешто се подготвува беше и бурмата што Бред ја стави на раката изминатата недела, по две години откако се верија.

Како и медиумите така и дизајнериските имиња неколку години имаа свои предлози како ја замислуваат венаницата на Џоли, но сепак неофицијално таа ја носела венчаницата на мајка си, традиционална и едноставна со античка тантела. Актерката пред смртта и ветила дека ќе се омажи во замокот каде се сретнаа со Пит пред 10 години за време на снимањето на филмот Г-н и Г-ѓа Смит.

Други пак, сметаат дека носела фустан со потписот на Валентино или Сен Лоран, креации во кои често се појавува на црвениот килим. По завршувањето на церемонијата и одморот во Ница, популарното семејство слета во Малта каде ја снимаат драмата „By the Sea“ во режина и сценарио на Анџелина Џоли, која премиерата ќе ја дочека во 2016 година.

Инаку, за Бред Пит ова е втор брак, а зад себе го има петгодишниот  со актеркта Џенифер Анистон. За рализка од Пит, ова е третиот за Џоли која претходно беше во брак со Џони Ли Милер и Били Боб Тортон.

Објавено:
29 август 2014
Категорија: 
Сцена