Кралицата Летиција и првата дама на Аргентина се стилски дами за пример!

27 февруари 2017

Пред два дена заврши официјалната посета на аргентинскиот претседател Маурицио Макри на Шпанија каде беше во придружба на неговата прекрасна сопруга, Јулиана Авада.

Првата дама на Аргентина и нејзината домаќинка, шпанската кралица Летиција беа вистински дами во исклучителни комбинации на секој настан на кој присуствуваа изминатите неколку денови.

Дека и двете имаат навистина посебен вкус се покажа уште на официјалниот пречек во Мадрид каде кралицата Летиција и Јулиана се појавија во слични пастелно розови комбинации со внимателно одбрани модни додатоци и совршена шминка и фризура.

Дамите беа вистински празник за очи и на гала вечерата во Кралската палата во Мадрид, каде се појавија во свечени долги тоалети.

За настанот, шпанската кралица Летиција одбра едноставен, но елегантен долг црн кадифен фустан, додека 42 годишната Јулиана се појави во впечатлив долг фустан со длабоко деколте, целосно украсен со кристали.

Тие беа подеднакво прекрасни и на отворањето на Саемот за уметност во Мадрид, каде кралицата Летиција се појави во бел фустан и високи потпетици, додека Јулиана се одлучи за карирано лежерно фустанче и чевли Гучи.

Првата дама на Аргентина блесна и на свечената вечера во „El Pardo“ палатата каде се појави во раскошен бел фустан со ѕвонести ракави и високи потпетици, а вистинска шик дама беше и кралицата Летиција која одбра црно – бел елегантен и светкав фустан.

Дека станува збор за прекрасни дами со посебен стил кои за само неколку дена приредија вистински модни лекции, ќе се уверите во галеријата.

Објавено:
27 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.525 пати