Кралицата Летиција во елегантно издание со бела кошула и макси здолниште

23 јануари 2019

Шпранскиот кралот Филип заедно со својата сопруга вчера беа домаќини на голем број дипломати од светот, а вниманието повторно го зема кралицата Летиција (46).

Таа се појави во елегантна, класична и женствена комбинација.

Летиција се одлучи за бела кошула од брендот „Хуго Бос“ со руска крагна која ја искомбинира со тесно макси здолништо во темноцрвена нијанса.

Со тоа, нè потсети на големиот тренд од 90-тите, во кој жените навистина изгледаа убаво.

Ова тесно макси здолниште е на преклоп, кој завршува со сатенска летна, а ситните копчиња од страна уште повеќе ја збогатуваат.

Летиција изгледот го заокружи со чевли во иста нијанса со здолништето, беспрекорна елегантна фризура и впечатливи обетки и уште еднаш покажа дека има беспрекорен моден вкус и префинетост.

Сепак, не мора да се соблечете за да изгледате убаво, а кралицата токму тоа и го покажува.

Објавено:
23 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.825 пати
Извор: 
daily mail