Кралицата на Јордан во беспрекорно издание

2 мај 2018

Модата во аристократкисте кругови, која инаку важи за луксузна и ексклузивна, се почесто добива нота на естетиката и стилскиот амбинет што преовладува во уличната мода.

Кралиците и принцезите, незавинсо за кое кралство се работи, може да ги видиме и во полежерни изданија, со совршено одмерена доза на тренди и шик изглед.

Кралицата на Јордан, Ранија е совршен пример како една аристократска дама може достојно да ги носи актуелните трендови, што инаку се популарни и во уличната мода.

Неодамна таа се појави во интересно, впечатливо издание што вклучува кошула-фустан во црвена боја со колоритен принт, а го комбинираше со популатните бели чизми до глужд (што инаку ги видовме и кај Ријана и Кендал Џенер).

Кој е вашиот коментар на овој нејзин избор?

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
2 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.079 пати