Јорданската кралица Ранија со секое свое појавување докажува дека е модна икона на новото време и една од омилените кралски личности.

Покрај тоа што целосно е посветена на хуманитарната работа, на секој настан таа изгледа неверојатно, а тоа беше случај и на последните појавувања при посетата на Кина.

Се чини дека таа сака да им оддаде почит на земјите каде престојува со по некој детал на нејзината облека, па така се појави во прекрасно зелено кимоно и бел костим со црвени детали во вид на оган.

Костимот и прилегаше навистина неверојатно, а деталите дополнително придонесоа да изгледа совршено – таа се одлучи за црн ремен кој дополнително ја истакнуваше нејзината половина и на двете комбинации во Кина.

Подеднакво прекрасна беше и во лежерната комбинација во која се појави во родниот Јордан на локален фестивал за храна за каде одбра едноставни панталони и бела кошула на која беше аплицирана силуета од жена.

Убавата кралица е голема обожавателка на софистицирани комбинации кои се како создадени за нејзиното витко тело, но секогаш на истите да има некој ефектен детал.

Фантастичните комбинации на кралицата Ранија можете да ги следите на нејзиниот Инстаграм профил.

Објавено:
12 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.882 пати