Кралицата Ранија во софистицирано и елегантно издание на дочекот на нашиот претседател и сопругата

19 ноември 2018

Кралицата Ранија од Јордан важи за една од најубавите и најдобро дотераните жени во светот. А тоа го потврди и на дочекот на нашиот претседател Ѓорѓе Иванов и неговата сопруга Маја за официјалната посета на Јордан и кралското семејство.

Сопругата на кралот Абдула II се појави во елегантна и софистицирана креација во темновиолетова боја од брендот „Ботега Венета“. Сините чевли со висока потетица, металик мала чанта, часовник и трендовски очила за сонце беа нејзиниот избор на модни додатоци со кои го заокружи стајлингот и уште еднаш предизвика воодушевување и доминација, а за тоа говорат и објавите во бројни светски медиуми, а пред сè модни.

Првата дама на Македонија пак, за оваа пригода одбра костумче во светла беж нијанса, кое во горниот дел има панделка како детаљ, а кое го усогласи со чевли на ниска потпетица во кафено-окер нијанса. 

Погледнете ги фотографиите:

 

фото извор: www.facebook.com/QueenRania; Instagram.com; www.newmyroyals.com;

Објавено:
19 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.563 пати