Кремот од модната сцена на Vogue Fashion Dubai Experience

1 ноември 2014

Од 30. октомври до 1. ноември во Дубаи се случува второто издание на гламурозниот моден настан Vogue Fashion Dubai Experience кој во светската егзотична престолнина на гламурот на едно место ги собира најзначајните имиња од модната сцена.

Во рамките на настанот се случуваат бројни модни шоуа, изложби, дебати, ревии и секако гала вечери.

Вчеравечер и вечерва во хотелот „Армани“ се одржуваат модни ревии на дваесетина млади дизајнери за кои светот допрва ќе слуша и токму тука, пред највлијателните „играчи“ во модната индустрија тие  ги соочуваат своите дизајнерски квалитети.

Помеѓу гостите на настанот, присутни се Мирослава Дума, Каролина Куркова, Франка Соѕани, Алберта Ферети, Роберто Кавали и уште бројни други влијателни личности во модниот свет.

Објавено:
1 ноември 2014
Категорија: 
Сцена