Криси Тиген: Сфатив дека премногу пијам

22 август 2017

Неодамна споделивме една фотографија од Криси Тиген, со Џон Леџенд и нивната 16-месечна ќерка Луна, со коментар дека моделот е една од најтранспарентните јавни личности, што зборува поеднакво јавно и за убавите работи, но и за проблемите.

И покрај тоа што изгледаат како среќно семејство, зад таа слика стои нов предизвик и искушение за кое Криси проговори во последното интервју за „Космополитен“.

фото извор: glamour.com

Оваа година Џон, Луна и Криси шетаат малку повеќе од вообичаеното. Неодамна се вратија од Италија, а  наскоро ќе заминат на уште еден одмор. Причината е затоа што сакаат што повеќе време да поминат заедно, пред да се соочат со тешките предизвици.

-Ќе се обидеме да станеме родители по втор пат. Затоа толку патуваме и сакаме да сме секогаш заедно, да ги видиме најблиските пријатели, затоа што тоа што после нè чека е екстремно тешко. Ќе мора да го поминеме Ин Витро процесот уште еднаш комплетно – вели моделот.

Пред Италија пак, беа во Бали, каде што посебно се посветија на обновување на организмот и подобрување на здравјето.

фото извор: glamour.com

-Дојдов до точка кога сфатив дека премногу пијам. Знаев да си земам чаша вино додека се шминкам или си ја средувам косата. Потоа таа чаша ме доведе до тоа да земам уште една пред шоуто. А потоа на еден куп настани каде се доделуваат награди. А потоа се чувствував лошо што оставав лош впечаток пред луѓе кои многу ги почитувам. Не постои чувство како тоа. Се чувствувате ужасно. Тоа не изгледа и не е добро ниту за мене, ниту за Џон, за никого – открива Тиген.

Таа додава дека и во семејството била сведок на малтретирање предизвикано од алкохолизам.

-Не знам како да отидам на некој таков настан, а да не пијам. Не сум тип на личност што може да се задржи само на еднен пијалок. Со оглед на постпородилната депресија и анксиозноста со која се соочував, алкохолот е нешто што најмалку помага. Почнав да се грижам каде сето ова води. Никој не сметаше дека имам проблем, бидејќи следното утро бев ок. Но, длабоко во срцето знаев дека тоа што го правам не е добро – објаснува Криси.

фото извор: adrinkwith.com

На Бали направила тотална промена. Апстинирала од алкохол во целосна форма и сфатила дека не ѝ недостига. Сега и подобро се храни. Вежба.

-Сега се чувствувам многу подобро. На Бали се будев со убаво чувство, кожата ми се чувствуваше убаво. Навистина се чувствував среќна – признава моделот.

фото извор: popsugar.com

Но, исто така знае, дека враќањето во Лос Анџелес нема да биде лесо, бидејќи достапноста на алкохол е многу лесна и бесплатна. Една од опциите е да не пие воопшто, нешто што порано не го разбирала сосема.

-Мислев дека е лудо, морничаво да мораш да бидеш комплетно трезен. Но, сега сфаќам. И не сакам да бидам таква личност... Морам да бидам подобра.

фото извор: glamour.com

Објавено:
22 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.440 пати