Криси Тиген во шик издание на одморот во Венеција

7 август 2017

Криси Тиген заедно со своето семејство деновиве е на годишен одмор во Венеција, за што постојано нè ажурира со информации, односно фотографии што ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.

Перфектно осмислените комбинации се нешто по што таа е препознатлива, а останува доследна на својот концизен стил дури и во деновите на одмор. Кога е во прашање нејзиниот имиџ, ништо не е оставено на случајност, за што покажува и фактот дека се консултирала со нејзиниот личен стилист, Моника Роуз, за тоа што да спакува во куферот за летниот одмор.

Неодамна помеѓу нејзините објави на Инстаграм, особено ни оставија впечаток фотографиите на кои Криси носи супер шик дводелна комбинација со егзотични мотиви во „пижама" фазон. А она што е нејзин заштитен знак ова лето се турбаните и кружните обетки, што секако го надополнија и овој стајлинг.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
7 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
901 пати