Кристина Пименова – ангелско лице со блескава иднина во светот на модата!

24 април 2014

Малата Кристина Пименова според многумина е најубавата мала манекенка во светот. Малото девојче со ангелско лице тоа и го докажува веќе неколку години со тоа што е ангажирана во огромен број кампањи и реклами.

Кристина Пименова е родена на 27 Декември, 2005 година во Москва, Русија. Таа ја започна нејзината кариера на само три години, откако нејзината мајка, инаку модел, ја воведе во гламурозниот свет на модата.

Оттогаш, Кристина е дел од безбројни кампањи вклучувајќи ги и големите Долче и Габана, Роберто Кавали, Бенетон, Ермано Скервино и многу други светски познати брендови.

Со нејзиниот ангелски изглед, сините очи и неверојатната руса косичка, воопшто и не е чудо што Кристина се најде и на насловната на Вог Бамбини.

Она што Кристина го обожува и практикува во слободно време е гимнастиката, а сака и да глуми и да поминува мн0гу време со семејството. Нејзиниот татко инаку е фудбалер, а нејзината мајка Гликерија се грижи за Кристина и нејзините ангажмани.

Кристина и нејзината мајка Кристина и нејзината мајка

Судејќи според нејзиниот изглед, она што дефинитивно е сигурно е дека на малата и прекрасна Кристина и следува блескава модна иднина и неверојатен број на ангажмани за светски познати брендови.

Во продолжение погледнете некои од најубавите фотографии што Кристина ги има направено за познати модни светски брендови.

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Сцена