Лејди Гага ѝ оддаде почит на Џуди Гарланд со фустанот на Златните глобуси

8 јануари 2019

По којзнае кој пат, ѕвездата на најпопуларниот филм за изминатата година „A star is born“, Лејди Гага го украде вниманието на црвениот килим, овојпат на Златните глобуси што се одржаа во неделата вечер во Лос Анџелес.

getty_imagestodd_williamson_nbc.jpg

За манифестацијата таа одбра впечатлив фустан на Валентино во небесно сина боја со кој сакаше да ѝ оддаде почит на ѕвездата на истоимениот филм од 1954 – тата година, Џуди Гарланд.

Веднаш штом се појави на црвениот килим, нејзините обожаватели не можеа, а да не ја забележат сличноста со фустанот на популарната актерка која ја толкуваше истата улога во постарата верзија на филмот.

Иако пејачката официјално не потврди дека фустанот е инспирација од актерката, сите потврдија дека сличноста е огромна и дека тоа е навистина прекрасен гест.

Прекрасниот фустан со впечатлива и долга „опашка“, Гага го надополни со прекрасен дијамантски накит, а за приказната да биде целосна, таа ја обои косата во слична боја како фустанот, иако би изгледала совршено и со нејзината природна руса.

getty_imageschristopher_polk_nbc.jpg

Пејачката и актерка на Златните глобуси ја доби наградата за нејзината „Shallow“ како најдобра оригинална песна за филмот „A star is born“, иако беше номинирана и во категоријата за најдобра актерка, а на разочарување на многумина, истата не ја освои.

STEVE GRANITZ/WIREIMAGE

Веќе следниот ден, таа се појави заедно со нејзиниот колега Бредли Купер за да му изразат поддршка на Сем Елиот на церемонијата на која ги остави своите отпечатоци во Холивуд.

Daily Mail

Таа повторно изгледаше неверојатно стилски со црн фустан во комбинација со впечатливо сино палто, високи потпетици и црна чанта.

Daily Mail

инфо: Cosmopolitan, Mashable

Објавено:
8 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
229 пати