Лејди Гага копија на Одри Хепберн

4 јуни 2018

Лејди Гага од средината на мај е во Њујорк, каде го подготвува новиот албум. Воедно, со секое нејзино појавување, Гага предизвикува и бројни позитивни коментари. 

Меѓу последните во низата е и едно нејзино издание во кое сите ги потсети на неверојатната Одри Хепберн. Фустанот-мантил од „Зимерман“ го спои со чизмички до глужд, очила за сонце и шапка од брендот „Њујорк Винтиџ“.

Токму овој моден додаток е виновен што во ова издание го препознавме она на Одри од „How To Steal A Million“ од 1966 година. 

Несомнено, Гага изгледа одлично и сè уште се забавува модно. Комбинациите се посмирени можеби за разлика од претходно, но не помалку интересни.

Погледнете ги останатите:

 

Објавено:
4 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
210 пати