Лејди Гага музичар

Лејди Гага откажа концертна турнеја поради болест

20 септември 2017

Лејди Гага отсекогаш била отворена во комуникација со своите фанови кога станува збор за нејзиното здравје, раскажувајќи детали од својата борба со депресијата и други психолошки состојби кои таа ги има.

Вчера преку својот инстаграм профил Лејди Гага се извини на својата публика затоа што е приморана да ги одложи концертите, поточно турнејата наречена JoanneEurope се до 2018 година, за да може да се препушти на докторски тим и да и помогнат за нејзината хронична болест која станува неиздржлива.

Лејди Гага го откажа концертот во Рио Де Женеиро минатата недела откако беше хоспитализирана со дијагноза на хронична болка во мускулите без да се знае потеклото и причината на оваа болка. Има многу чести главоболки, физички болки во телото со грчеви, губење на меморијата, проблем со концентрацијата. Оваа дијагноза ја потврдува и Националниот институт за артритис.

Никој не знае од каде потекнува овој таканаречен ФМС синдром, но од друга страна научниците велат дека е тоа од пострауматски стрес, предизвикан од жестоко емотивно страдање како што е силувањето во младоста. Лејди Гага отворено ќе зборува на оваа тема, кога имала 19 години била силувана на што посвети и песна насловена „Swine“. Не е со сигурност потврдена оваа претпоставка, научниците велат ќе треба подолго да се испитува, но стресот и злоставувањето во раната возраст имаат силно влијание.

„Јас ќе направам се да се вратам што поскоро на мојата концертна турнеја, но ќе морам да бидам со моите доктори ако сакам да сум силна и здрава до мојата 60-та година. Со години си барам лек за моето ментално и физичко здравје. Тешко е да се објасни, но кога ќе се почуствувам здраво и силно ќе ја раскажам мојата приказна во детали и ќе го споделам моето искуство јавно за да можам да ја издигнам свеста, за да може да се помогне и на другите кои страдаат од овие болки кои јас ги имам“, вели Гага.

 На 22-ри  септември премиерно на Нетфликс ќе се прикаже документарецот „Five feet two“ кој зборува за нејзините страдања, здравјето, кариерата.

Објавено:
20 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.351 пати