Лени Кравиц: За изгледот им се заблагодарувам на гените и семејството

19 септември 2014

Тој е еден од најпосакуваните мажи во светот, има 50 години и милиони следбеници и обожаватели. Леонард Алберт Кравиц периодов се наоѓа во Париз каде го промовира својот најнов албум насловен „Strut“. Иако зад себе има 10 албуми и продадени 40 милиони плочи, тој вели дека се уште сака да се надмине и постојано си поставува високи цели.

Во месец мај годинава тој влезе во петата деценија од животот, но како што изјавува за него годините не значат чишто.

-Годините се само број и ништо не ми значат. Никогаш не сум се чувствувал толку добро, вели атрактивниот американски музичар.

На прашање на новинарите, која е тајната на неговиот младешки изглед  Лени кратко објаснува.

-Нема никаква тајна освен тоа дека водам здрав живот, исполнет сум и среќен. Секојдневно спортувам и знам да дадам се од себе кога станува збор за личната посветеност. Сепак, сметам дека голема улога играат и гените, одговара Кравиц.

Сцена од снимањето на последниот спот за новиот албум Сцена од снимањето на последниот спот за новиот албум

После Париз славниот музичар планира промоција на „Strut“ во повеќе земји низ светот.

 

Објавено:
19 септември 2014
Категорија: 
Сцена