Летните модни преференции на Изабел Марант

24 јуни 2014

Нејзиниот слободен, колоритен и светлосен стил внесува неверојатна енергија во модниот свет. Изабел Марант е француска дизајнерка која знае што сака и го создава она што неа првенствено и одговара. Таа ги отпоздравува сончевите денови кои следуваат и ни открива кои се модните парчиња без не може да си ги замисли летните топли денови.

„Кожа, тантела и едноставна ноншалатност, затоа што тоа сум јас“, вели француската дизајнерка.

Оваа беше навистина „бурна“ година на Марант, отворање на нова продавница во Лондон, славење годишнина на веќе постоечкиот бутик во Лос Анџелес, креирање на капсулна колекција за шведскиот бренд H&M. Добитничка е и на две награди, едната е Elle Style Awardsво Лондон и Crystal Globe признанието во Париз. Прашањето е дали некогаш одмара оваа жена?

„Ја сакам светлината на летото, сонцето создава топло чувство кое ја гали мојата душа. Штом постојат сончевите зраци јас сум повторно жива и како голем љубител на летото се прашувам зошто воопшто живеам во Париз“, низ смеа открива Марант.

Кога станува збор за празници и одмори, таа сака да оди на планинарење, да открива нови земји, да патува, да ги менува местата постојано. Доколку пак би морала на едно место да престојува подолг период, не сака да прави ништо, освен да чита книги по цел ден. Омилени дестинации и се Шри Ланка, Африка, Индија, САД...

Нејзината омилена боја e белата.

„Белата боја е симбол на свежината, таа чиста и елегантна. И искрено тешка боја за комбинирање особено во по студените денови“, додава дизајнерката.

На прашањето што би спакувала за еден викенд на море, креаторката без двоумење вели дека тоа би била серија на кратки филмови, многу џинс парчиња, искинати панталони, лесни и удобни џемпери за вечерните часови, едноставни маички на прерамки или на кратки ракави, неколку туники за на плажа, мини фустани и гладијаторски сандали, а може и некој пар апостолки.

Кога се сонча верувале или не таа не користи крема со заштитен фактор туку пие сок од морков и во исто време го балансира времето поминато на плажа. Не ги сака едноделните парчиња облека бидејќи смета дека големи гради ниту соодветна конституција на телото која би ја истакнала, но затоа кратките широки топови и се вистински хит особено за ова лето.

 

Објавено:
24 јуни 2014
Категорија: 
Сцена