Летните стајлинзи на Мирослава Дума

29 јули 2016

Основачката на онлајн магазинот Buro 24/7 Мирослава Дума во моментов е на одмор во Италија како и голем дел од светски познатите дами кои уживаат во прекрасните предели на оваа земја.

Таа ужива заедно со нејзиното семејство на Капри за каде понесе неверојатно стилски летни комбинации во кои обожава да ги поминува топлите денови.

Речиси сите парчиња кои таа ги одбра како соодветни за ова лето се олицетворение на она како треба да изгледа летната облека која мора секогаш да е удобна и лежерна.

На речиси сите фотографии од одморот објавени на нејзиниот Инстаграм профил, можеме да ја видиме во широки и неверојатно удобни кафтани во супер летни бои.

Сосема во нејзин стил, комбинациите таа ги украсува со модни додатоци како марами на главата врзани на различни начини, стилски чанти, уникатен накит и лесни сандали во црна и бела нијанса.

Со изборот на овие комбинации, таа им дава до знаење на сите девојки дека минимализмот е секогаш најдобрата опција, особено кога одите на одмор.

Во куферот оваа година спакувајте ги најудобните работи, а оставете модните додатоци да говорат за вашиот стил.

Избегнувајте да носите непотребни работи за кои и самите знаете дека нема да ги облечете во ниту еден од деновите. Како што споменавме и пред некој ден, кафтаните се единствениот моден сојузник кој ви е потребен за ова лето, особено за годишниот одмор.

Набавете си неколку во различни бои и уживајте во долгите, летни денови.

Објавено:
29 јули 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.020 пати