Лицата кои ја одбележаа модната индустрија според анкетата на списанието Marie Claire

27 декември 2013

2013 година беше година на многу изненадувања: соработки, вести, информации, желби и колекции за паметење. Но она што најмногу ја одбележа оваа година во рамките на модата беа луѓето кои изминативе 12 месеци направија промени и ги редефинираа новите позиции и правци кон кои треба да се стремат модните трендови за 2014 година. Одговорните во редакцијата на списанието Marie Claire направија листа на петнаесет личности кои влегоа во историјата на модната индустрија и со својата уникатност ја одбележаа 2013 година:

1.Отавио Мисони: Несреќата што ја предизвика смртта на неговиот син го остави во жалост не само неговото семејство туку и целиот моден систем.

2.Ен Демулеместер: Белгиската дизајнерка ја објави својата одлука да го напушти модниот свет, која беше вознемирувачка како за фановите така и за медиумите и за целата модна фела.

3.Александро Дел Аква: Дизајнерот е назначен за нов креативен директор на модната куќа Рошас и се подготвува да влезе во новата година со лансирање на машка колекција.

4.Марко Ѕанини: Неколку дена по напуштањето на модната куќа Рошас, изјави дека ќе го води модниот бренд Скјапарели.

5.Алесандра Факинети: По лансирањето на самосталниот интернет проект, се врати во модното јато на Tod's, за кој што бренд дизајнира женска линија која дебитираше во септември на модната недела во Милано.

6.Гаја Трусарди: Модната куќа се врати во рацете на семејството на чело со дизајнерката која во раце ги презеде уздите на целосниот креативен дел.

7.Ема Хил: Откако го напушти брендот Мулбери кој благодарение на нејзиниот ангажман си го поврати стариот сјај, одговорните не можеа да и најдат соодветна замена.

8.Марк Џејкобс: Како се напушта местото на креативен директор после 15 години работа во една модна куќа? Со моден спектакл, преку кој што му кажа достоинствено збогум на Луј Витон, за да се посвети на создавање на свој сопствен бренд.

9.Никола Гескиер: Дизајнерот кој го дефинираше успехот на модниот бренд Баленсијага, го презеде работното место на креативен директор во модната куќа Луј Витон. Неговото деби кое ќе се случи во февруари 2014 година во рамките на Париската модна недела е најочекуваниот моден настан.

10.Џејсон Ву: Нова мисија на омилениот дизајнер на првата дама на Америка, Мишел Обама, тој е новиот дизајнер на женската колекција на модниот бренд Хуго Бос.

11.Никола Формикети: Од стилист на Лејди Гага, творецот на Дизал, Ренцо Росо му ја додели титулата уметнички директор.

12.Џил Сандер: Сама го најави големиот камбек во сопствената модна куќа, но немаше време да се навикне и да го ревидира минималистичкиот шик стил на модната писта. Дизајнерката наведе дека поради лични причини се повлекува.

13.Дејвид Кома: Неговото име се уште не познато кај повеќето луѓе, но бидете сигурни дека следната година тој ќе биде најпознатиот човек во модната индустрија, бидејќи Кома е дизајнерот кој ќе го води релансирањето на брендот на Тиери Маглер.

14.Џереми Скот: Визионер и идеален наследник на генијалниот Франко, стилистот и новиот креативен директор на Москино го презеде местото на Росела Џардини.

15.Серџо Лоро Пјана: Билионерот и дизајнер на облека изработена од кашмир го потресе модниот свет со веста за неговата смрт на 20 декември оваа година, на само 5 дена пред католичкиот Божиќ.

Објавено:
27 декември 2013
Категорија: 
Сцена