Ликот на Мишел Фајфер во „Scarface“ – безвременска икона на стилот

15 декември 2018

Елвира е ликот што го портретираше фантастичната Мишел Фајфер во 1983 во култниот „Scarface" во кој партнер ѝ беше Ал Пачино во улогата на Тони Монтана.

Нејзината улога во ова вонсериско остварување на режисерот Брајан де Палма, е значаен од повеќе аспекти, меѓу кои неизбежно е а да не се спомене и модниот.

Мишел изгради фиктивен лик кој сега го носи статусот на безвременска модна икона.

Стилската перфекција и префинетост на Елвира може да се сместат и во контекст на современата модна сцена, па секое нејзино појавување во сцените на „Scarface" може да послужи како инспирација за новите модни текови. Па така на пример, слип фустаните со деколте, што важат за карактеристика на нејзиниот стил, се тенденција и по неколку децении од филмот.

Правиме ретроспектива на стилот на Елвира – како потсетување на безвременоста на нејзиниот имиџ.

 

Објавено:
15 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.332 пати