Лондонската премиера на „Убавицата и ѕверот“ како вистинска бајка

25 февруари 2017

Талентираната млада актерка Ема Вотсон изгледаше како вистинска Дизни принцеза на лондонската премиера на „Убавицата и ѕверот" што вчера се одржа во палатата Spencer House.

Премиерата помина во знакот на двајцата актери што ги толкуваат главните улоги, Вотсон и Ден Стивенс, покрај кои се појави и комплетната екипа што работеше на филмот за кој филмските критичари предвидуваат дека ќе биде вистински блокбастер.

Ема блесна во раскошен пастелно син фустан на дизајнерката Емили Викстед, што тематски соодветствува на улогата што ја толкува актерката во филмот.

„Убавицата и ѕверот" ќе почне да се прикажува низ кино салите ширум светот на 17. март.

Каков беше амбиентот на премиерата, погледнете низ фотографиите во продолжение.

 

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
956 пати