Луда забава, бохо стајлинзи и сочни бакнежи на првиот викенд од Коачела

14 април 2015

Конечно, викендов се одржа долгоочекуваниот прв дел од Коачела фестивалот каде речиси секоја година, можеме да ги видиме најпознатите ѕвезди во супер забавни изданија.

Како што и очекувавме, стилот што тие го прикажаа на првиот викенд од Коачела беше вистинско олицетворение на бохо лежерноста, составен од најдобрите стајлинзи што беа предвесници на она што ќе се носи летово.

Голем дел од ѕвездите и оваа година се одлучија за колоритни бохо фустанчиња, куси тексас панталони комбинирани со бели тантелни маички, чизми до глуждовите, но и многу бохо накит.

Една од највпечатливите дефинитивно беше музичката дива Ријана која промени неколку комбинации за време на фестивалот.

277B9FB600000578-3035654-image-m-7_1428837136882

 

Таа беше вистинска ѕвезда во виолетовата бунда од вештачко крзно, но и неодолива во креација од новата колекција на македонскиот дизајнер Марјан Пејоски кој работи под брендот КТЗ. Ријана се одлучи за интересна комбинација од неговата есенска колекција која ја надополни со шик црни чизми од Баленсијага.

rihanna-covers-up-with-just-a-beaded-necklace-at-coachella-02 (1)

Вистински убавици на Коачела беа прекрасните модели што владеат со модните писти во моментов. Прекрасна беше Алесандра Амбросио која се одлучи за неколку бохо стајлинзи, но вистински хит беше и нејзината помлада колешка Кендал Џенер која предизвика вистинско лудило на Коачела фестивалот.

Што се однесува до настапите, дефинитивно највпечатлив беше оној на поп дивата Мадона која го бакна нејзиниот млад колега Дрејк за време на нивниот настап.

Madonna

 

И сето тоа ќе беше тотално кул, доколку тој не ја направи најлудата гримаса што можевме да ја видиме овие денови. Во продолжение во видеото, погледнете ја неговата неодолива реакција кога таа го „затекна“ со сочниот бакнеж.

Покрај одличните музички настапи, она што беше интересно на првиот викенд од фестивалот беа и неколкуте забави на кои се појавија големите ѕвезди.

Џиџи Хадид на забавата на H & M Џиџи Хадид на забавата на H & M

 

Супер забава направија H & M каде беше претставена нивната фестивалска колекција, а каде гостите ги забавуваа прекрасните и секогаш откачени Haim.

Paris-Hilton

Во продолжение во галеријата, погледнете ги највпечатливите стајлинзи од првиот фестивалски викенд, но и атмосферата на Коачела која продолжува со исто темпо веќе следниот викенд.

Објавено:
14 април 2015
Категорија: 
Сцена