Луксуз и тренди тоалети на годинешното отворање на павилјонот во галеријата Серпентајн

2 јули 2014

collage1

Секое лето, во последните 14 години, во Хајд Парк во централен Лондон, галеријата Серпентајн е вистински спектакл за очите на нејзините посетители.

Оваа година, честа да го дизајнира привремениот павилјон му припадна на чилеанскиот уметник со хрватско потекло Смиљан Радиќ, кој создаде школка од фиберглас поставена на куп од големи камења.

Smiljan Radic and his Serpentine pavilion Смиљан Радиќ и неговиот Серпентајн павилјон

Од 2000-та година па наваму во улога на архитекти се најдоа и големите архитекти како Аи Веивеи, Франк Гери и Оскар Нимејер. Минатогодишниот поканет, Соу Фуџимото, дизајнираше павилјон кој беше посетен од речиси 200.000 луѓе, со што беше прогласен за еден од најпосетените павилјони досега.

Инаку, меѓу посетителите беа голем број познати личности меѓу кои Суки Ватерхаус, Бредли Купер, Алекса Чанг, Кира Најтли, Кара Делевињ, Даниел Линкер, Емилија Фокс, Наоми Кембел и многу други, а како изгледаа можете да видите во галеријата во продолжение:

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Сцена