Лупита Нјонго блесна во тоалета на Версаче на премиерата на „Black Panther“

2 февруари 2018

Неделава во театарот „Долби" во Лос Анџелес се одржа премиерата на филмот „Black Panther" каде се собра голем дел од холивудската елита.

Но, вниманието на црвениот килим беше на една од најперспективните актерки од новата генерација во Холивуд, оскаровката Лупита Нјонго која во филмот ја игра улогата на Накиа.

Таа ги освои симпатиите на модните критичари од нејзините први појавувања на црвениот килим, а за поздрав е тоа што континуирано го надоградува својот стил со што постојано е атрактивна за медиумите.

Овој пат Лупита изгледаше божествено во макси виолетова тоалета од Версаче, стилизиран со екстравагантен накит и необична фризура во духот на темата на филмот.

Фото: Getty Images

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
516 пати