Лупита Нјонго и Руни Мара блеснаа на забавата на Келвин Клајн во Кан!

16 мај 2014

Новата стилска миленичка на Холивуд Лупита Нјонго и шармантната Руни Мара беа највпечатливите девојки на тренди забавата што модната куќа Келвин Клајн ја одржа во Кан.

На забавата, која што се одржа во рамки на филмскиот фестивал во Кан, им беше оддадена посебна чест на жените во филмската индустрија.

Облечени во креации од колекцијата на Келвин Клајн, сите актерки кои што присуствуваа на забавата организирана од страна на организацијата IFP (Independent Filmmaker Project) и фондацијата на Келвин Клајн, изгледаа неверојатно во внимателно одбраните фустани.

Забавата се одржа во приватна вила на магичната француска ривиера, а истата беше перфектно организирана од страна на одличниот Франческо Коста, креативен директор на модната куќа и извршниот директор на IFC Џоана Висенте.

Одличната Лупита овојпат се одлучи за темносина металик креација во комбинација со едноставни сандали во сребрена боја.

Подеднакво прекрасна беше и младата актерка Руни Мара која носеше софистицирано бело здолниште со висок струк и реси, во комбинација со краток бел топ и сандали во иста боја. Тотално магични на забавата се појавија и искусните актерки Наоми Вотс и Џулиен Мур во фустани до глужд во пастелни бои. Наоми овојпат одбра блескав накит од Булгари, а прекрасната Џулиен од магичните Шопард.

Во продолжение, погледнете како изгледаа останатите гости на приватната забава на модната куќа Келвин Клајн.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Сцена