Мадона е жена на годината според Билборд

12 декември 2016

На годинешново доделување на Билборд наградите „Women in Music" што се одржа во Њујорк, најзначајната награда за Жена на годината и припадна на Мадона.

Американската поп дива одржа инспиративен говор во кој се заблагодари на организаторите што ја препознале во светот во кој владее сексизмот и мачоизмот. Таа истакна како во својата 34-годишна активна музичка кариера во музичката индустрија многу пати се соочила со различни манифестации на сексизам и спречување на слободата на делување.

Покрај тоа, потенцираше дека се чувствува среќна што е сè уште тука, споменувајќи ги нејзините колеги кои не се веќе помеѓу нас: Тупак, Принс, Дејвид Боуви и Ејми Вајнхаус.

Покрај Мадона, оваа година помеѓу добитничките на престижните награди беа и Киша, Шанаја Твеин, Халси и други.

Во видеото во продолжение проследете го емотивниот говор на Мадона.

 

Објавено:
12 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
259 пати