Мадона или Парис Џексон?

18 март 2017

Априлското издание на „Харперс Базар“ го краси ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон. Она што веднаш ќе го забележите е дека сличноста помеѓу младата дама и поп кралицата Мадона.

Всушност, тоа не е воопшто случајно. Низ содржините на списанието е и едиторијал, инспириран токму од пејачката. Исто така, и модната куќа „Шанел“ одлучи да соработува со Џексон, токму на тема мода и Мадона.

Во ист стил, тинејџерката се појави и на насловната страна на мартовското издание на CR Fashion Book, во сина сатенска креација.

Дури и кога не е наменски, сличност помеѓу овие Парис и Мадона навистина постои.

Инаку, иако повеќето можеби очекуваа дека ќе продолжи по стапките на Мајкл Џексон, Парис сфати дека нејзината љубов е сепак моделството. Таа е член на IMG агенцијата, која се грижи и за кариерите на Карли Клос, Жизел Бундшен, сестрите Хадид, Ешли Греам, Хејли Бодлвин...

Но, без разлика на тоа што сака да го работи, вели дека татко ѝ и е постојана инспирација.

На прашањето кој негов квалитет би сакала да го поседува, вели: „Дефинитивно неговата сила. Тој беше најсилниот, најиздржливиот човек што го познава и сè што правеше се трудеше да биде со колку што е можно повеќе љубов, љубезност и топлина - објаснува Парис.

Инаку, таа е ќерка на Мајкл Џексон и медицинската сестра Деби Роу.

Во продолжение погледнете го едиторијалот:

 

Објавено:
18 март 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
515 пати