Мадона посвои близначиња од Малави

9 февруари 2017

Мадона успеа да го сврти сето внимание врз себе со Инстаграм фотографијата на која ги покажа новопосвоените близначиња.

Се работи за две сестрички од Малави. Како вели под фотографијата, во вторникот тамошниот суд ја дал дозволата за посвојување и процесот конечно завршил.

„Многу сум среќна што се дел од моето семејство и навистина сум им благодарна на сите во Малави што ми помогнаа ова да стане возможно и реално“, напиша пејачката.

Таа исто така упати апел до медиумите да ѝ овозможат приватност во овој „преоден“ период и за неа и за новите членови.

За потсетување, таа пред нешто повеќе од две недели, за време на хуманитарната посета, ги демантираше гласините и написите дека ќе посвојува нови деца.

Инаку, таа веќе има посвоено две дечиња од Африка – во 2006 Дејвид и Мерси во 2009.

Сепак, преку службениот весник на судот беше објавена дека пејачката од сиропиталиштето во Малави ги посвои Естер и Стела.

Мадона со Дејвид и Мерси

Мајката на четиригодишните сестри починала брзо по породувањето, а нивниот татко се оженил со друга жена и ги оставил на нивните баба и дедо, кои биле поразени од фактот дека ќе треба тие да се грижат за нив.

Судијката Фиона Мвале изјави дека пејачката е во можност да им обезбеди „топол, комфорен, простран, луксузен дом исполнет со љубов во САД“.

Таа додаде дека и покрај тоа што 58-годишната Мадона има повеќе години отколку што обично се бараат и разгледуваат за посвојување, таа има медицинска документација и дозвола дека е во добра здравствена состојба и состојба да се грижи за нив.

-Нејзината хуманитарна работа ѝ овозможи контакти со сиропиталиштата и ова е резултат токму на еден таков контакт. Таа се почувствува должна да ја пополни празнината во нивните животи и да им ги отвори портите од нејзиниот дом – вели судијката.

Мадона пак, на својот Инстаграм профил испрати силна порака:

„Во „Домот на надежта“ каде ги запознав Естер и Стела и каде живеат од пет дена старост, па во наредните четири години, има 650 сирачиња.Под водство на прекрасниот и милосрден директор Чипето и неговата ќерка Луси, организацијата „Raising Malawi“ соработуваше со HOH во последните 10 години, откако го запознав и мојот син Дејвид таму. Ако сакате да се вклучите во волонтирање или донирање, само напред. Секоја помош е добредојдена“.

Објавено:
9 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
472 пати