Магазинот „Ел“ ги собра жените од Холивуд - изгледаат фантастично

15 октомври 2019

Во Беверли Хилс вчера се одржа традиционалната вечер на магазинот „Ел“, насловена како „Жените во Холивуд“.

Секоја година, оваа по 26-ти пат, им се оддава почит на дамите кои со својата професија, активност и дејствување претставуваат инспирација, мотивација и поттик за другите. Овој пат, настанот е во организација на Ралф Лорен и „Лексус“

Ова беше повеќе од одличен повод на едно место да се соберат многу моќни жени, а модните магазини имаа  и тоа како за што да пишуваат.

Речиси секоја од нив изгледаше беспрекорно.

Зендаја се појави во совршена сива комбинација. Се работи за одело, со здолниште одозгора и широк ремен, кое совршено ѝ прилегаше. Креацијата е на Петар До, од колекцијата пролет-лето2020.

Меѓу оние што оставија голем впечаток беше и фантастичната Шарлиз Терон. Во металик сино здолниште и кожена јакна со нитни, Шарлиз уште еднаш покажа дека може да носи што ќе посака и дека на неа сè изгледа совршено. 

Во идентична комбинација од писта на Луј Витон, таа успеа да биде една од најкоментираните од вчерашната забава.

Заедно со неа беа и колешките од остварувањето кое го очекуваме со нетрпение „Bombshell“ - Никол Кидман и Марго Роби.

И двете се одлучија за фустани во црна нијанса. Никол имаше долг фустан-сако со дворедно закопчување со потпис на Ралф Лорен, додека креацијата што ја носеше Марго беше со сатенски ремен, долго здолниште со шлиц и горен дел со ракави од истата модна куќа.

Всушност, голем број од ѕвездите носеа креации со потпис од познатиот дизајнер, кој како што споменавме е еден од организаторите.

Меѓу присутните беше и Натали Портман во црн фустан на „Диор“, потоа Гвинет Платроу во асиметрична креација на Ботега Венета, како и Скарлет Јохансон во коктел фустан со кадифени елементи, во црна нијанса која доминираше на настанот.

Како изгледаа останатите, погледнете во продолжение. Чиј стајлинг најмногу ви се допадна?

Иса Рае

Џој Кинг во Ричард Квин

Анабел Валис во Ралф Лорен

Бел Павлеј во Ердем

Кетрин Охара во Ралф Лорен

Џамила Џамил во Азаро

Џенет Мок во Ралф Лорен

Лејк Бел во Монс

Минди Калинг во Оскар де ла Рента

Ники Рид

Нина Гарсија

Рејчел Зои

Рене Барг

Сара Фостер

Томасин Мекензи во Ралф Лорен

Зои Дач во Ралф Лорен

 

Објавено:
15 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.111 пати