Магазинот InStyle ја прогласи Кејт Бланшет за модна икона

25 октомври 2017

Во Лос Анџелес вчеравечер се одржаа модните InStyle награди, што беше и повеќе од доволна причина да се видат бројни познати личност на едно место.

Со своите модни комбинации, тие уште повеќе го свртеа вниманието кон манифестацијата. Селена Гомез ги натера медиумите денеска цел ден да пишуваат за нејзините чевли со необични потпетици.

Кејт Босвор пак буквално блесна во светкавата златна креација од Александре Вотје, со син цвет како дополнителен детаљ.

Сепак, можеби најголемото внимание отиде кај Кејт Бланшет која заслужено ја освои наградата Модна Икона.

Таа на настанот се појави во дводелна комбинација од „Живаши“, здолниште и горен дел во црвено-тегет комбинација. Горниот дел е со нагласени раменици, додека половината е истакната со тенок ремен.

Актерката им се обрати на присутните и со впечтлив говор:

„Мојата долгогодишна соработка со брилијантната Елизабет Стјуарт ме доведе до многу возбудливи и истакнати дизајнери и дизајни. Таа го има „најдоброто око“ во овој бизнис. Но, на страна од благодарноста, оваа награда сакам да ја посветам на жените што се смели во изразувањето на својот стил. За мене, вистински икони на стилот се жените кои без извинување се изразуваат себеси - чие физичко присуство и естетика се навистина итегрирани на несвесен начин. Жените што знаат како изгледаат, не се тоа што се само поради изгледот, туку и поради надградбата на личноста. Ја посветувам на жените што се чувствуваат слободни да носат што сакаат и кога сакаат и како сакаат“, изјави Бланшет.

Таа додава дека честопати модната слобода на жената е погрешно разбрана.

„Жените сакаат кога изгледаат секси, но тѕоа не значи дека сакаме да спиеме со вас. Никој не му вели на Стив Банон „изгледаш како кеса за ѓубре, сакаш ли да повратам на тебе?“, посочува актерката.

Во продолжение погледнете како изгледаа дел од познатите личности што се појавија на настанот:

Angela Serafyan

Chloe and Halle Bailey

January Jones

Zendaya - Schiaparelli Fall 2017 Couture

Fiji Water

Bella Heatcote

Cindy Crawford - Versace

Connie Britton

Demi Lovato - Alice + Olivia

Elle Faning - Versace

Ellen Pompeo - Co.

Faith Hill - Tom Ford

Heidi Klum - Vionnet

Kelly Rowland - George Chakra

Laura Brown

Louise Roe - Victoria Beckham

Michelle Trachtenberg

Petra Flannery

Phoebe Tonkin

Rachel Roy

Rachel Zoe

Selena Gomez - Jacquemus

Serayah

Sheryl Luke

Sydne Summer

Zoe Bell

Објавено:
25 октомври 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
503 пати
Извор: 
InStyle.com