Магичната Ева Лонгорија денеска го прославува 39 – тиот роденден

15 март 2014

На која насловна страна и да се појави Ева Лонгорија, тоа за списанието значи огромна продажба! Оттука и не не чуди што бројот на нејзините насловни страници е огромен.

Магичната Ева Лонгорија денеска го прославува својот 39. роденден, па по тој повод во продолжение погледнете ги нејзините најатрактивни насловни страници.

Од најразличните трансформации во магазините „Алур“, „Пипл“, па сѐ до „Ел“ и „Гламур“, оваа „очајна домаќинка“ неодамна ги воодушеви своите фанови со новиот изглед кога се појави со сосема нова фризура на премиерата на „Paycheck to Paycheck“.

Интересни факти за Ева Лонгорија

Нејзиното вистинско име е Ева Жаклин Лонгорија, а родена е во Корпус Кристи, Тексас.

Во 1998 година таа ја освои титулата Мис Корпус Кристи за САД.

Одреден период ги придружуваше Пусикет Долс како нивна танчерка.

Ева има три сестри сите со руси коси и сини очи.

Таа е кума на ќерката Џиа Франческа Лопез на познатиот ТВ водител Марио Лопез.

Во продолжение погледнете некои од најпознатите насловни страници каде актерката изгледа беспрекорно.

Објавено:
15 март 2014
Категорија: 
Сцена