Магично виножито од модели на забавата на Шопар во Кан

20 мај 2014

Иако многу краток период е сама, на прекрасната манекенка Адриана Лима очигледно повторно и се врати желба да биде невеста.

На забавата на луксузниот бренд за накит Шопар во Кан, таа ги предводеше нејзините колешки модели во прекрасен бел фустан и неверојатен накит кој што дополнително ја истакнуваше нејзината убавина.

Како што и се очекуваше, сите модели носеа накит од луксузниот бренд, а најистакнат беше изборот на Адриана Лима која овојпат се одлучи за елегантни долги дијамантски обетки во сина боја во комбинација со ѓердан во ист стил.

Подеднакво впечатлива беше и нејзината колешка Алесандра Амбросио која на забавата се појави во нежно зелена, долга тоалета која пак ја комбинираше со долги дијамантски обетки и ѓердан во црвена боја.

Со оглед на тоа што темата на годинешната Шопар - бекстејџ вечера и забава во Кан беше „свадба“, останатите модели носеа долги тоалети во прекрасни бои во кои наликуваа на деверици.

Покрај Адриана и Алесандра, на забавата се појавија и секогаш волшебната Ева Херцигова која уште еднаш докажа дека годините не и можат ништо, потоа младите Суки Ватерхаус, Коко Роша, секогаш впечатливата Петра Немцова, како и актерот Колин Фирт со неговата прекрасна сопруга.

Во продолжение, погледнете како изгледаше магичното виножито од модели во волшебни фустани на забавата на единствените Шопар.

Објавено:
20 мај 2014
Категорија: 
Сцена