Мајката на Андреја Пејиќ: Се поклонувам пред моето дете

5 август 2014

157f48860abb

Веста дека моделот Андреј Пејиќ го смени полот и стана Андреја, веќе извесен период ја бранува јавноста. Некои ја одобруваат постапката, наоѓаат разбирање, други не, а трети дури се повикуваат и на родителите.

За сите љубопитни, мајката на сега, Андреја Пејиќ, Јадранка, проговори за тоа како таа ја доживеала одлуката на нејзиниот син да стане жена. За почеток, таа вели дека е горда на своето дете и драго и' е што тој јавно прозборувал за себе, бидејќи такво нешто да признаеш пред целата јавност е мошне тешко.

Andreja-Pejic1

-Се поклонувам пред своето дете, без оглед на тоа како некои може да го толкуваат тоа. Да заборавиме на професијата модел, високиот стил на живот на Менхетен и таквите нешта. Од социолошка страна важно е што Андреја се изјасни дека за тоа ќе зборува јавно, токму поради големиот број луѓе, големиот број слични деца, без оглед што се различни. Таа сакаше да другите да им даде надеж, поддршка, охрабрување. Дека можеш и треба да станеш за себе, чесно на светот да му кажеш - поинаков сум, но не сум криминалец, никому не посакувам зло. Таков сум роден и тоа не беше мој избор. Од ова, како се родив, со помош на семејството и околината, можам да направам најдобро што можам - вели мајката.

4d1dfb222b7f

Андреја Пејиќ се појави на светската модна сцена во 2010 година, како заносна манекенка во тело на маж.

-Со нешто малку пари во џебот, сама отиде во свет. Првин во Лондон, Париз, сама се снајде, а потоа премина во Њујорк. Како мајка, не можев со својата учителска плата и работа на замена, да и понудам многу, уште како и самохрана мајка, додека постариот син Игор студираше - открива Јадранка.

Срцето на мајката чувствувало дека нејзиното дете е поинакво, мошне паметно, внимателно, па се обидувала да му даде дополнителна љубов и внимание:

andrej-000

-Мојата Андеица изгледаше како момче, но со нежни сини очи. Уште како бебе беше таква. Сакаше да ја гледа мојата шминка, да ги носи моите чевли, да си игра со девојчиња. Ги сакаше куклите, но што ќе помислат соседите Боже, што ќе каже баба му. Чувствував во срцето дека тоа ќе биде поинакво дете. Им раскажував на пријателите за тоа, но ми кажуваа дека тоа не мора ништо да значи и дека во пубертет ќе се смени -  раскажува мајката Пејиќ.

Таа признава дека и' е жал што тогаш не била едуцирана за различностите кај децата.

-Никој не ме упати, можеби сум правела некои грешки. Можеби, да знаев, ќе можев Андреица повеќе да ја заштитам. Толку ми е жал што не и' купив Барбика, а таа толку ја посакуваше. И' купував некакви глупави ренџери за момчиња, затоа што братот Иор велеше дека тие се подобри. Братот постојано ја „влечеше“ на карате, фудбал, а таа не беше заинтересирана - завршува Јадранка.

Објавено:
5 август 2014
Категорија: 
Сцена