Маргот Роби: Престанете да ме прашувате кога ќе родам!

16 јануари 2019

Актерката Маргот Роби важи за една од најубавите и најуспешните актерки од поновата генерација. Сепак, успехот и популарноста носат и разни притисоци и прашања на кои таа воопшто не сака да одговара.

Имено, таа минатата година се омажи, а оттогаш прашањата за тоа кога планира да се реализира како мајка не престануваат и како вели, смачено ѝ е постојано да ја прашуваат за тоа. 

„Толку сум лута бидејќи постои колективна замисла дека штом ќе се омажиш, на сила стапува општествениот договор. Мажена си, сега би требало да забремениш и да родиш дете. Епа, ќе го направам она што јас ќе го одлучам!“, порача актерката неодамна за  „Радио Тајмс“. 

Актерката исто така изјави дека последната улога што ја толкува, кралицата на Шкотска Елизабета Прва во остварувањето „Кралицата Мери“, ја натерала посебно да размислува за начинот на кој жените биле под притисок дека мора да родат наследник.

„Како некој старец се дрзне да го диктира она што јас можам или не можам да го направам кога е мајчинството во прашање“, револтирано изјави Роби.

Сигурни сме дека во ова се пронајдоа голем број други жени.

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
694 пати