Фузија на стилови, музички и стилски икони, импозантна сцена, уште пофасцинантна листа на изведувачи, манекенки, членови на кралското семејство, холивудски ѕвезди – од 21 до 26 јуни се случуваше еден од најмасовните светски фестивали Гластонбери 2017.

Radiohead, Foo Fighters, Ед Шеран, Дуа Липа, Кејти Пери беа меѓу ѕвездите што настапија во рамките на музичката програма, а исто толку познати и звучни имиња имаше и меѓу публиката.

Фото извор: Getty Images/Vogue
Медиумите постојано ја следеа Маргот Роби која се појави во неколку супер кул изданија во духот на слободна и опуштена мода на фестивалот.

Фото извор: Getty Images/Vogue
А еден стандарден „Гластонбери аутфит" задолжително содржи гумени чизми до колена, бохо накит, кратки маички со натпис од омилениот бенд, краток џинс, мини ранче...

Во галеријата погоре погледнете дел од највпечатливите стајлинзи.

Објавено:
28 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
347 пати