Марија Шарапова е ново заштитно лице на Авон

14 јуни 2014

Новиот производ на Авон е наменет за сите личности кои знаат да ги ценат безбројните можности кои животот ни ги носи. Токму затоа Марија Шарапова е одбрана како лик кој најмногу одговара на нивната приказна.

Шарапова не го криела задоволството од соработката со Авон, а за новата линија парфеми истакнала – „Секогаш кажувам дека среќата е поголема доколку целта која треба да остварите е потешка, а Avon Luck не потсетува дека треба да уживаме во нашите успеси“.

Патриција Перез Ајала, маркетинг директорот на Авон истакнала дека при изборот на заштитно лице, барале личности која сама ја создава својата среќа во животот и токму затоа Марија била идеална за оваа улога – Покрај тоа што е една од најдобро рангираните тенисерки во светот, таа е одлична гласноговорничка полна со енергија и личност која знае да ги цени можностите кои и се пружаат.

#t=41

Објавено:
14 јуни 2014
Категорија: 
Сцена