Медените пристигнаа во Холивуд - Дикаприо стои до Тамара Котевска

28 јануари 2020

Во „Долби театарот“ вчера се одржа традиционалниот оскаровски ручек со сите номинирани годинава. Секако, меѓу нив беше и екипата од Медена земја.

Првите фотографии ги споделија и на социјалните мрежи, од што видовме дека се запознале со некои од најголемите актерски имиња - Роберт де Ниро, Ал Пачино, Бред Пит, Квентин Тарантино, а на групната фотографија до Тамара Котевска стои Леонардо Дикаприо.

„Само да разјасниме... не стоев јас до него. Тој стоеше до мене (јас имам 2 номинации овааа година)“, напиша режисерката на Фејсбук профилот.

А на официјалната страна на „Медена земја“ беше пренесена и нејзината официјална изјава за време на „Оскаровскиот ручек“ кој го организира Американската филмска академија.

За потсетување, покрај Котевска, на ручекот присустваа и режисерот Љубомир Стефанов, снимателите Самир Љума, Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев.

Погледнете ги:

Инаку, на официјалната страна на „Оскарите“ осамнаа и други фотографии:

 

фото извор: facebook.comoscar.go.com

Објавено:
28 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
39.061 пати