Мег Рајан покажа како се носи костум во шестата деценија од животот

13 април 2019

Били Кристал и Мег Рајан пред точно 30 години беа ѕвезди на хит филмот „Кога Хари ја сретна Сали“, а вчеравечер во Холивуд актерите ја прославија годишнината на филмот.

Тие се појавија на отворањето на TCM Classic Film Festival во друштво на режисерот на филмот Роб Рајнер, а медиумите беа воодушевени од нивната повторна средба по цели 30 години.

На отворањето на филмскиот фестивал, 57 годишната актерка се појави во стилски црн костум во комбинација со бела кошула и црна вратоврска и чевли.

Шик изгледот таа го надополни со дијамантски обетки и алка, а нејзината руса коса овојпат беше слободно пуштена во бранови.

Подеднакво елегантен беше и актерот Били Кристал кој се појави во целосно темна комбинација, а на црвениот килим тие изгледаа подеднакво фантастично како во времето кога филмот беше ултра популарен.

Погледнете како по 30 години изгледаат актерите од филмот.

Инфо: Harper's Bazaar

Фото: Getty Images

 

 

Објавено:
13 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.774 пати