Меган и Хари го очекуваат првото дете

15 октомври 2018

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и принцот Хари го очекуваат првото дете заедно, објавија утрово при посетата на Сиднеј.

Кралската двојка пристигна во Австралија за нивната прва заедничка голема турнеја откако се венчаа овој мај.

Од палатата Кенсингтон ја потврдија веста со официјално соопштение:

„Војвотката од Сасекс и принцот Хари со задоволство ве информираат дека го очекуваат првото дете кое треба да пристигне на пролет. Тие ја ценат целата поддршка што ја добија по нивната венчавка во мај и се пресреќни што можат да ја споделат среќната вест со јавноста“, се вели во соопштението.

Вестите за нејзината бременост почнаа да се шират откако нејзината мајка Дорија Регланд беше видена на часови за грижа на бебе и откако Војвотката носеше широко палто на свадбата на принцезата Јуџини.

 

Објавено:
15 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
847 пати