Меган и Кејт ги обожуваат капутите на оваа српска дизајнерка

16 јануари 2019

Прекрасната војвотка од Сасекс, Меган Маркл, пред некој ден се појави на еден настан со принцот Хари облечена во стилска колоритна комбинација во која најголем впечаток се чини дека остави капутот.

Истиот беше во јака портокалова боја, а она што е најинтересно е дека капутот е со потпис на позната српска дизајнерка која со години живее и работи во Канада.

Станува збор за Бојана Сенталер Николиќ која е една од најпознатите дизајнерки во Канада, а нејзини дизајни носат голем број познати личности, меѓу кои и дамите од кралското семејство.

montecristo_magazine

Се чини дека токму Кејт Мидлтон која претходно носеше капут од колекцијата на Бојана, ја има запознаено Меган со нејзините дизајни во кои и таа како неа, веднаш се вљубила.

Својот моден бренд „Сенталер“ познатата дизајнерка го основала во 2009 – тата година, а денеска е еден од најуспешните таму.

Инаку, Бојана е родена во Белград, а во Канада се преселила кога имала осум години. Образованието го завршила во Дубаи на медицински студии, а ќе каже дека средбата со Карл Лагерфелд најмногу влијаела на тоа да го основа нејзиниот бренд.

Инфо и фото: Zena.blic.rs

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.044 пати