Меган Маркл: Бебето го очекуваме во април!

14 јануари 2019

Војвотката од Сасекс денеска се појави на еден настан во Биркенхед заедно со принцот Хари и ги израдува сите кога сосема случајно откри дека бебето треба да се роди во април.

Во разговор со локалните граѓани, таа рече дека е во шестиот месец од бременоста, а на прашањето дали очекува момче или девојче, рече дека и тие не знаат, бидејќи сакале да биде изненадување.

Досега палатата Кенсингтон не објавила официјално соопштение за тоа кога обожавателите можат да го очекуваат кралското бебе, но според она како изгледа Војвотката, многумина веќе погодуваа дека бебето треба да се роди во март или април.

Како и секогаш, и на денешниот настан на отворањето на споменикот на познатиот писател Вилфред Овен, Меган изгледаше прекрасно во виолетов фустан, портокалово капутче и високи потпетици во иста боја.

Комбинацијата таа ја надополни со мини кафена чантичка и шминка и фризура по кои веќе долго време е позната.

Мештаните велат дека таа им говорела дека едвај го чекаат бебето и дека Хари ќе биде прекрасен татко. Тие откриваат и дека некоја девојка ја прашала како издржува во тие високи потпетици, на што таа одговорила дека не и е проблем со оглед на тоа што не ги носи често.

По овој настан, кралската двојка се упати кон локален супермаркет и кафе бар кои се дел од организацијата што помага да се спречи гладта во Мерсејсајд.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
14 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.225 пати