Меган Маркл го носи најубавиот летен жолт фустан

6 јули 2018

Од првото појавување во јавноста, имавме заклучок дека Војвотката од Сасекс, Меган Маркл обожува едноставни и нежни тонови кога е облеката во прашање, но со последниот фустан го докажа спротивното.

На средбата со младите лидери од Комонвелтот, таа се појави во неверојатно женствен фустан со едноставен крој во неодолива жолта боја.

Истиот е дел од колекцијата на брендот Брендон Максвел и чини 1.300 фунти, а на Војвотката и прилегаше навистина одлично.

Како и секогаш, на приемот тие пристигнаа држејќи се за раце, насмеани и весели какви што можеме да ги видиме на секое јавно појавување.

Прекрасната Меган повторно се појави со шармантна пунџа по која и досега беше позната, иако на последните појавувања можевме да ја видиме со едноставна и пуштена коса во бранови.

Принцот Хари за оваа средба одбра темно син костим со вратоврска во темно зелена боја и едноставни црни чевли и изгледаше навистина одлично во друштво со неговата сопруга.

На средбата принцот и Меган говореа за важни прашања меѓу кои и загадувањето во светот, еднаквоста меѓу половите, но и поддршката што тие мора да им ја дадат на младите лидери за остварување на нивите соништа.

 

Објавено:
6 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.918 пати