Меган Маркл има двојничка во Шпанија!

30 мај 2019

Сведоци сме на огромната популарност што ја ужива војвотката од Сасекс, Меган Маркл, која со раѓањето на нејзиното бебе Арчи стана уште поголема.

Дека нејзиниот стил е исклучителен докажала многупати, а токму поради тоа девојките ширум светот често се инспирираат од неа.

Се чини дека шпанската политичарка Бегоња Вилакис која годинава е кандидат за градоначалник на Мадрид негува сличен стил со војвотката.

Деновиве таа му ја покажа на светот нејзината новородена ќерка со која заедно гласаа на изборите што се одржаа во неделата во Мадрид.

la_razon

За поводот, таа одбра бело фустанче на преклоп со два реда копчиња кое беше неверојатно слично на она што Меган го носеше за официјалното фотографирање со Хари и нивното бебе Арчи.

Но, сличностите не завршуваат тука. И војвотката и политичарката беа бремени речиси во исто време, а децата им се разлика само 11 дена. За време на бременоста, и двете прекрасни дами често носеа слични комбинации, па уште повеќе наликуваа една на друга.

el_pais

Она што е интересно е тоа што и двете правеа свадба на истиот датум, односно на 19 – ти мај минатата година.

Шпанската адвокатка и политичарка и самата во неколку наврати ја има коментирано споредбата велејќи дека и нејзините ќерки се шегувале со неа, па дури и некои луѓе ја застанувале на улица да ја прашаат дали е Меган.

el pais

Дел од медиумите пишуваат дека таа е свесна за нејзината сличност со Меган и дека често оодбира исти комбинации за дополнително да наликуваат со цел да предизвика што поголемо внимание кон нејзината кандидатура за градоначалник.

la hora

Инфо: hellomagazine.com, metro.co.uk 

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.411 пати