Меган Маркл носи бела кошула на свечен настан

8 февруари 2019

Војвотката од Сасекс од самото појавување е вистинска икона на стилот, а дека знае на единствен начин да носи и наједноставни парчиња докажа и со последното појавување во Лондон.

Меган Маркл која на пролет го очекува првото дете со принцот Хари, се појави во фантастична црно – бела комбинација на еден хуманитарен настан во Лондон.

Имено, таа комбинираше едноставна бела кошула и долго црно здолниште на преклоп од нејзините омилени Живанши, а комбинацијата ја надополни со клач чантичка од истиот бренд и високи стилски потпетици од Аквазура.

Белата кошула дефинитивно е едно од омилените парчиња на војвотката, а досега сме имале бројни можности да ја видиме во истата или слична кошула.

Досега, таа честопати ја има комбинирано со стилски женски костим, едноставни фармерки, панталони и секогаш изгледала одлично.

Во неколку наврати, сме забележале дека војвотката сака дополнително да ги стилизира ракавите на кошулите, па речиси секогаш можеме да ја видиме со подвиткани ракави што изгледаат супер лежерно.

И овојпат таа се одлучи за едноставна и нежна шминка и фризура, а одбра и многу малку накит, односно само неколку прстени и ништо друго.

Таа докажа дека секоја дама може да одбере бела кошула што сигурно ја има во својот плакар за било каков настан, па дури и некој што од вас бара посебен и свечен изглед.

Она на што треба да посветите внимание е соодветно да го одберете другото парче од комбинацијата и секако, да ги пронајдете совршените чевли и чанта како во случајот на прекрасната Меган Маркл.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
8 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.327 пати