Меган Маркл одбра Диор за крштевката на Арчи

8 јули 2019

Во саботата на шести јули се одржа крштевката на малиот Арчи Харисон Маунтбатен Виндсор, првиот син на принцот Хари и Меган Маркл.

Кралската двојка ги објави првите фотографии на нивниот официјален Инстаграм профил, со емотивна порака за еден од најважните денови во нивниот живот.

За специјалната прилика, прекрасната војвотка одбра бел фустан од Диор комбиниран со потпетици во светла нијанса и специјално изработена шапка.

Како што беше и претходно најавено, кралицата Елизабета не присуствуваше на крштевката на Арчи, а кралската двојка сè уште не откри кои се кумовите на нивниот син.

Дел од семејната фотографија беше и шармантната војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон која изгледаше неверојатно во свилен розов фустан на Стела Мекартни и впечатливо венче во интензивна боја, како и бисерни обетки со кои како што забележаа фановите, сакала да ѝ оддаде почит на принцезата Дајана.

Подеднакво прекрасна во розова комбинација беше и мајката на Меган, Дориа Регланд која за пригодата одбра шармантно фустанче надополнето со долго палто украсено со брош и прекрасна шапка во иста нијанса.

На фотографијата можеме да ги видиме и двете сестри на принцезата Дајана, Лејди Џејн и Лејди Сара, како и принцот Чарлс и неговата сопруга, Војвотката Камила.

Инфо и фото: Harper's Bazaar.com

Објавено:
8 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.751 пати