Меган Маркл покажа дека црно и тегет сепак можат да бидат моден погодок

25 септември 2018

Долго време постоеше верување, или „непишано“ модно правило дека црната и тегет односно темносина не се добра комбинација. Дотолку беше вмрежено што оваа комбинација и од далеку се заобиколуваше.

Но, години наназад светските дизајнери покажаа дека тоа воопшто не мора да биде така, па ова „правило“ веќе не важи. А токму тоа го покажува и Меган Маркл.

Војвотката до Сасекс често може да се забележи токму во ваква комбинација на бои, па до некаде може да се рече дека е нејзина препознатливост. Црно и тегет беше нејзиниот избор и на последното случување на кое се појавија со принцот Хари.

Се работи за доделувањето на Coach Core Awards од истоимената организација на универзитетот во Лафборо. Целта е да им се помогне на младите да изградат кариера во спортот, а основачи на организацијата се токму принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2012 година.

Меган се појави во асиметричен темносин горен дел со карнери и ремен на половината со потпис на Оскар де ла Рента, во комбинација со црни панталони со благо ѕвонести ногавици на модната куќа Алтузара.

Косата и шминката повторно беа наједноставни, а со непосредноста и учеството во спортските игри со студентите, Меган повторно ги освои Британците.

Објавено:
25 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.695 пати
Извор: 
people.com