Меган Маркл си замина со стил

10 март 2020

Војводата и војвотката од Сасекс вчера го имаа последното јавно појавување како членови на британското кралско семејство. Тие се појавија на мисата во Вестминстерската катедрала, а по повод на одбележувањето на Денот на Комонвелтот во Лондон.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by O, The Oprah Magazine (@oprahmagazine) onMar 9, 2020 at 9:07am PDT

Иако во моментов веројатно Меган не е омилената личност во Британија, таа се потруди на сите појавувања во оваа држава како Војвотка да изгледа беспрекорно и да го привлече сето внимание врз себе, што и ѝ успеа.

На ова последно појавување, Маркл се појави во смарагдно-зелен фустан кој го потпишува британската дизајнерка Емилија Викстед и изгледаше фантастично. Со чевли во беж нијанса и соодветна шапка, Меган изгледаше навистина гламурозно.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by MediaGuideStyle (@mediaguidestyle) onMar 10, 2020 at 2:53am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@mmarkle_sussex) onMar 10, 2020 at 2:19am PDT

Така, се добива впечаток дека нејзините модни избори кои вклучуваат впечатливи бои и кроеви кои ја истакнуваат нејзината фигура, не се ни малку случајни. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @lojiistyle onMar 10, 2020 at 2:09am PDT

 Но, овој настан беше интересен за медиумите и поради тоа што тука се случи првиот собир на семејството по дефинитивната одлука Меган и Хари да заминат од британското кралство.

Имено, во катедралата први пристигнаа Војводата и војвотката од Сасекс, а после нив принцот Чарлс во придружба на Камила. На крајот, се појавија и Војводата и војвотката од Кембриџ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 23STYLE (@23styleinspired) onMar 10, 2020 at 1:48am PDT

Сите очи беа вперени во браќата и нивните сопруги. Но, освен куртоазно здраво, не покажаа никаква друга блискост.

Инаку, распоредот на седење е направен според редост на наследство на тронот во кралското семејство, така што беше речиси идентичен како и лани, ако се земе предвид фактот дека принцот Ендрју подари секс сканадалот се повлече од кралските должности, а кој седеше до Меган.

 

За потсетување, кралските задолженија на Хари и Меган официјално завршуваат на 31 март, кога тие стануваат обични цивили. Двојката ќе живее во Канада, а ќе се посветат на самостојни кариери и заработувачка.

Објавено:
10 март 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.005 пати