Сосема очекувано, сите погледи беа свртени кон Војвотката од Сасекс, Меган Маркл на годинешното, традиционално издание на Ројал Аскот.

На еден од најочекуваните кралски настани таа се појави заедно со нејзиниот сопруг, принцот Хари, во бел кошула фустан на Живанши, кој го комбинираше со црн ремен на половината, црни високи потпетици и мала чантичка.

Соодветно на настанот, како и сите други дами и таа одбра прекрасна и впечатлива шапка од познатиот дизајнер Филип Трејси во црно – бела варијанта со шик додатоци.

Според светските стилисти, со оваа комбинација таа уште еднаш докажа дека е одлучна да го одржи нејзиниот кул стил, иако сега е дел од кралското семејство.

„Таа носи класичен палто – фустан, кој долги години е еден од омилените на дамите на Ројал Аскот. Иако ова се смета за стандардно парче во гардеробата, таа знае да го прикаже како висока мода и така и да го носи. Таа постојано ги одбира Живанши и сигурен сум дека таа има свои идеи кога тамошните дизајнери ѝ изработуваат фустани“, вели познатиот стилист Лукас Армитаж.

Тој додава дека дизајнерите знаат дека соработките со членовите на кралското семејство се полн погодок, а конкретно Живанши создаваат елегантни и класични парчиња со тренди примеси.

Во галеријата погоре погледнете како изгледаше Војвотката од Сасекс на нејзиното деби на Ројал Аскот.

Објавено:
20 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.444 пати