Мелани Грифит- моќна жена што умее да носи секаков стил

7 ноември 2013

Сигурно сите ќе се согласиме дека кога ќе се спомене името на актерката Мелани Грифит, првото нешто што ни паѓа на памет е сексапилот кој го има оваа актерка.  Таа потекнува од актерско семејство кое се распаѓа на нејзина 4 година возраст, а таа продолжува со својата мајка да живее во Лос Ангелес. Поради нејзината манекенска конституција на телото, Мелани својата кариера ја почнува како дете манекенка која најчесто е ангажирана на телевизиски реклами.

На 14 години го запознава актерот Дон Џонсон со кого подоцна и се мажи и продолжува со манекенската кариера од која всушност и го заработува џепарлакот, бидејќи го напушта домот на својата мајка. Во 1974 година Грифит оди на првата аудиција за филмска улога, која и ја добива. Со својата убавина, шарм и специфичност, актерката освојува многу режисери кои се повеќе ја бараат во своите филмови.

Независно од тоа каква улога добива и кој стил го има нејзиниот лик, Мелани умее да го износи на сопствен начин и да му внесе посебен стилски печат. Многу филмови во кои таа глуми, публиката ги има запаметено токму по специфичните стајлинзи на кои едноставно актерката им придава сексапил, а истовремено и доза на елеганција и префинетост. Што се однесува на нејзиниот стил приватно, таа низ годините во однос на изборот на облеката, не се промени.

 

Пастелните бои и се омилени и секогаш задолжително е во лежерни тренди парчиња што најмногу ги истакнуваат нејзините долги и совршени нозе. Околу оваа актерката и за уште една работа ќе се сложиме сите, дека откако направи повеќе пластични операции на своето лице, го изгуби сопствениот идентитет, а доколку покрај неа не би бил нејзиниот трет сопруг актерот Бандерас, сигурно не би ја препознале.

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Сцена