Мерил Стрип и нејзините 67 години

23 јуни 2016

Не постои таков лик каков што е Мерил Стрип. Покрај нејзините 19 номинации за Оскар и три освоени, слободно може да се констатира дека таа едноставно може да одигра сѐ.

Во буквална смисла на зборот, може да одигра од машки рабин, преку вештерка, светски позната готвачка па сѐ до рок ѕвезда. Нејзините актерски способности и посветеност ја завршуваат работата, но аспектот на трансформација од лик во лик има врска со тоа што за актер е многу значајно - костимот кој го определува карактерот.

Нејзината улога како конфликтна сопруга и домаќинка Џоана Крамер која го остава својот сопруг и малото дете, а потоа се враќа во судница за да си го земе детето назад, ќе и го донесе првиот Оскар.

Нејзиниот долг Барбери мантил, ќе остане забележан на улиците на Њујорк, а многу млади жени ќе го прифатат нејзиниот лежерен, но сепак елегантен стил. Овој мантил ќе ѝ помогне да ја сокрие и тогашната нејзина блажена состојба.

Како данската бароница Карен Бликсен која е сопственичка на плантажа на кафе во Африка на почетокот на 20 - тиот век, костимите во овој филм се со епска димензија, особено оние сцени каде што е со Роберт Редфорд.

Многу шапки, долги здолништа, елегантни чизми, чизми за јавање и да, премногу кремасто и свежо. Милена Канонера, костимограф на филмот, ќе рече дека била инспирирана од модниот тренд на Ралф Лорен, Дона Каран, Ив Сен Лоран...

Костимите од филмот  Out of Africa  имаат исклучително влијание во светот на модата, како да проструи свежина и точност.

Мерил заедно со Голди Хоун и Брус Вилис во потрага по вечната младост и еликсир,  преку својот лик ја коментира немилосрдноста на потребата за вечна младост притоа не бирајќи средства и начин.

Костимите во овој филм се со премногу ликра, драматични наметки, беретки, вечерни тоалети кои го носат печатот на 90 - тите години од минатиот век.

Кога ја добива улогата за „Ѓаволот носи Прада“, таа се трансформира во динамична, моќна и крајно застрашувачка уредничка на „Runway magazine“. Имате впечаток дека цел плакар е заедно со ликот на Мерил Стрип - чанти, бунди, накит, совршена фризура.

Кога се работи пак за ликот на Маргарет Тачер, кој патем е животен предизвик во однос на актерството, костимографката Консолејт Бојл, Мерил ќе добие Оскар, а тие ја опишуваат својата соработка како вистинска уметност. Ги употребуваат боите паметно, имајќи го предвид фактот дека Тачер секогаш била опкружена со мажи во сиви или темни костуми, ликот го поставуваат во претежно свежи бои.

Во еден монохромен свет, ликот на Тачер преку костимот е светлина, наспроти нејзиниот карактер кој го игра.

Во „Ricki and the Flash“, Стрип ја игра улогата на рок ѕвезда која го напушта семејството за да може да свири по бендови. Но, кога на  нејзината ќерка во филмот (инаку и вистински ќерка на Мерил, Мами Гамер) ѝ се распаѓа бракот, таа се враќа кај децата и се обидува да биде нешто што никогаш не била. Таа неверојатно потсетува на стилот на Стиви Никс - многу кожени јакни и одлични обувки кои го дефинираат нејзиниот лик.

Мерил Стрип наполни 67 години, а сѐ уште зрачи со истата ведрина како на почеток на нејзината кариера. Нејзиниот ум е секогаш подготвен на рески одговори, а нејзиниот дијапазон за да одигра сѐ што може некој режисер да замисли е генијален.

Таа може да се појави на црвениот килим и со некој килограм повеќе и преку тоа да ја коментира бесмисленоста на таа парада.

Живеејќи надвор од сите правила на Холивуд, на сопствена фарма со сопруг скулптор, таа никогаш не била тема на жолтиот печат, предмет на бизарните папараци.

Мерил Стрип е актерка која кога ја гледате, посакувате да имате мал дел од нејзиниот талент и прецизен ум.

Среќен роденден Мерил!

Објавено:
23 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.323 пати