Миа Колучи роди ќерка

27 јули 2018

Прекрасната актерка Луисана Лопилато или попозната како Миа Колучи од популарната серија „Млади бунтовници“ го доби третото дете со сопругот Мајкл Бубле со кого веќе има две деца.

 

Актерката ги сподели убавите вести со нејзините обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм и напиша дека е благодарна за ќерката која за нив значи подарок полн живот и среќа.

„Те сакаме до бесконечноста и назад. Те чекавме не само за да пораснеме како семејство, туку за да ни дадеш светлина, надеж...конечно, ти си и ќе бидеш нашата душа“, напиша таа под фотографијата од рачето на малото бебенце.

Двојката веќе има двајца синови – Ноа, 5, кој изминатиот период ја доби битката со ракот и малиот Елијас, 3.

Неодамна, двајцата се повлекоа од сцената за целосно да му се посветат на малиот Ноа на кој му беше дијагностициран рак на црниот дроб, но кој успешно го преброди.

Објавено:
27 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.139 пати