Мик Џегер: Луѓето не се дотеруваат како порано

21 март 2016

Покрај тоа што е рок легенда, Мик Џегер е и модна икона. Токму за стилот говори во новото интервју за магазинот „Another Man“.

-Не ми пречи тоа што ќе „ископам“ некое старо парче од плакарот и ќе го облечам.... копањето по стари приказни е досадно, а не по облека. Луѓето веќе не се облекуваат, не се средуваат како порано... Кога одат на театар сите се дотеруваат. Навистина не ми недостасува тоа. Но, ви се допаѓа ли кога ќе отидете во театар или кино и ќе видите тип со лоши нозе во шорц и апостолки? – вели музичарот.

Настапот во Чиле

Минатата недела „Ролинг Стоунс“ ја завршија нивната турнеја низ Јужна Америка (America Latina Ole Tour), настапувајќи во Аргентина, Бразил, Чиле, Перу, Колумбија и на крај во Мексико. Џегер во разговорот се осврна и на тоа колку големината на местото на настапот му е важна при изборот на облека.

На концертот во Мексико

-Ако настапуваш пред 1.000 луѓе, тие можат да те видат подобро, но кога се работи за арена од 15.000 места, тогаш мораш да се потрудиш. Мораш да имаш силуета и боја и нешто што ќе го забележат кога те следат со поглед, шал, шапка или што и да е – посочува Џегер.

За турнејата во Јужна Америка Мик носел мноштво светкави и украсени јакни. , потоа светлорозово одело што го носел на Top of Pops во 1971 година.

Но, и после 50 години на сцената, Џегер сè уште ги бара најпрактичните обувки.

На концертот во Бразил

-На голема сцена има многу слоеви. Има дрво, метал, скали, многу работи што треба да ги усогласите, а понекогаш знае да биде влажно или лизгаво. Затоа, обувките треба да бидат практични. Јас секогаш се обидувам да најдам патики што ќе ми овозможат удобност и лесна подвижност, за да не го превиткам зглобот – открива рокерот.

 

Објавено:
21 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
348 пати